Фото: Фејсбук/Агенција за филм

Тамара Котевска со награда од Филмскиот фестивал во Венеција: „Силјан“ прогласен за најинспиративен филм на Биеналето

По светскиот успех на „Медена земја“, македонската режисерка Тамара Котевска повторно блесна на интернационалната сцена. Нејзиниот нов документарен филм, „Силјан“, се врати од престижниот Филмски фестивал во Венеција со наградата „Награда на Музата“ за најинспиративен филм на Биеналето.

Со ова признание, „Силјан“ влезе во редот на најголемите македонски филмски успеси, по „Пред дождот“ и „Домаќинство за почетници“. Убавата вест ја сподели Агенцијата за филм преку Фејсбук, нагласувајќи дека Македонија напишала ново златно поглавје во историјата на најстариот и најпрестижен фестивал во светот.

„Силјан“ беше прикажан во официјалната секција „Надвор од конкуренција“, во која учествуваа имиња како Вернер Херцог и Софија Копола. И покрај големата конкуренција, филмот на Котевска се издвои и доби врвно признание.

„Ова е мојот најважен филм досега. ‘Силјан’ е моја лична приказна, поврзана со моите корени и мојата култура,“ изјави режисерката при доделувањето на наградата.

Филмот е инспириран од македонска народна бајка од седумнаесеттиот век. Во неговиот центар е приказната за Никола, земјоделец кој наоѓа повреден бел штрк – средба што прераснува во метафора за човечкиот опстанок, надежта и врската меѓу човекот и природата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот