Тајванските власти забележале кинески бродови во забранетите и ограничените води

Фото Јутуб принтскрин

Владата на Тајван денеска соопшти дека бродови на кинеската надзорна и крајбрежна стража биле забележани во забранетите и ограничените води во близина на островите Кинмен, кои се под контрола на Тајван.

Министерот на Советот за океански работи на Тајван, Куан Би-линг изјави дека кинески брод за набљудување вчера влегол во забранетите води, а четири бродови на кинеската крајбрежна стража влегле во ограничените води.

Кинмен се наоѓа на само неколку километри од југоисточниот кинески град Ксијамен.

„Но, тие не останаа долго. Крајбрежната стража соодветно одговори и го искористи радиото за да побара од кинеските бродови веднаш да заминат“, рече Куан.

Тајванскиот министер за одбрана Чиу Куо-ченг денеска рече дека крајбрежната стража ја следи ситуацијата и дека Министерството за одбрана нема што да каже „се додека не постои закана предизвикана (од ситуацијата) за нашите копнени трупи“.

Смртта на двајца кинески рибари на илегален брод, на кој немало име на 14 февруари во водите кај Кинмен ја зголеми тензијата меѓу Тајван и Кина.

Тајван рече дека кинескиот бродски екипаж се обидел да ја избегне инспекцијата на крајбрежната стража и нивниот брод се превртел за време на понатамошната потера. Кина тоа го нарече злонамерен инцидент и побара објаснување. Случајот е под истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот