
Тајсон е подготвен за ново враќање во рингот, познат и датумот
Големиот шампион го одреди датумот на својот втор меч по враќањето од пензија.
Додека целиот свет со нетрпение го очекува боксерскиот спектакл помеу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури во која мечот кој го даде апсолутниот шампион во тешка категорија, една од најголемите боксерски легенди објави дека се враќа во рингот.
Поранешниот шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон ги одреди 29. или 31. мај како денови кога ќе го има вториот меч по враќањето од пензијата која траеше цели 15 години.
Тајсон кој има 54 години, првиот меч по враќањето од пензија го имаше со поранешниот шампион во четири тежински категории, Рој Џонс Јуниор (52 години), а сударот на боксерските икони заврши без победник.
Препорачано
Тајсон датумот на својата следна борба го објави гостувајќи во подкастот на актуелниот шампион во суперсредна категорија, Канело Алварез.
– Следната борба ќе биде во истиот ринг каде ти ја имаше својата последна борба. Тоа ќе биде 29. или 31. мај – објави Тајсон но не го откри името на противникот, дури и кога беше директно прашан од тренерот на Алварез.
Засега, најголеми шанси за вториот противник на Тајсон да биде 58-годишниот Ивандер Холифилд со кого имаше два меча.
Првиот дуел во 1996 година заврши со триумф на Холифилд кој во 11. рунда го нокаутира Тајсон, додека реваншот се одржа една година подоцна и тој не го дочека крајот откако „Железниот Мајк“ беше дисквалификуван откако одгриза дел од увото на својот противник.