Виц на денот: Казна
Го застанала полиција Трпе и му се обраќа: – Господине, возачка немате, прва помош немате, појас немате… Кажете што имате? – Имам 50 евра. – Па така кажете, човек треба со клешти да ви ги вади од џебот…

Малиот Трпе го прашува татко си: – Тато кога ќе се оженам, колку време ќе трае бракот? – Тоа ти е за цел живот сине. – Леле, па бракот бил полош и од училиште!
Трпана го наоѓа малиот Трпе како плаче: – Што плачеш бе? – Си ја изгубив дипломата… – Е што сеа? – Е што…Сега не знам што сум завршил…
– Тато, раскажи ми приказна за добра ноќ! – Слушај, сине. Во едно демократско царство си живееше еден пратеник. Тој беше сиромашен, но чесен. И тој пратеник сакаше да направи нешто добро за луѓето… – Тато, да знаеш дека долго време нема да можам да заспијам, ако ме тераш да се смеам!
Малиот Цветко го прашува татко си: – Тато, што е тоа камиказа? – Тоа е човек што останал да живее во Македонија. – Тато, а што е тоа мазохист? – Тоа е човек што живеал во странство и се вратил повторно во Македонија.