Фајзер навреме идентификува лажни верзии на вакцина за коронавирус: Супстанцата во вакцината била за третман на брчки
Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ соопшти дека идентификувала лажни верзии на вакцината за коронавирус во Мексико и Полска, пренесува Радио Слободна Европа. Дозите се конфискувани од властите во двете држави и преку тестови е потврдено дека се лажни. Во Мексико, тие биле во лажна амбалажа, додека во Полска се верува дека супстанцата во вакцината била за третман на брчки, рече Фајзер. …