Татко и син од Земун претепани на спортско игралиште
Млади момчиња вчера го нападнале Љ.Ѓ. (63) и неговиот син В.Ѓ. (18) на спортско игралиште во основно училиште во Земун. Повредениот татко задобил потрес на мозокот, момчето минало со полесни повреди. Полицијата за брзо време ги открила напаѓачите и против нив поднела кривични пријави за нанесување тешка телесна повреда.