Општина Гази Баба ќе субвенционира набавка и монтажа на сончеви колектори во домаќинствата
Од Општина Гази Баба информираат дека е објавен Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општината за набавка и вградување на сончеви термални колектори. Според локалната самоуправа, право на учество на Јавниот повик имаат сите жители на Гази Баба кои имаат купено и вградено сончеви колектори во својот дом …