Партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ се собираат во штабот

Партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ се собираат во партискиот штаб во очекување на изборните резултати. Меѓу присутните се лидерот на партијата Христијан Мицкоски, кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова, Антонио Милошоски, Трајко Вељаноски, Оливер Андонов. Има претставници и на ОБСЕ – ОДИХР. Во секој момент се очекува прес конференција од штабот.