Разбеснет бик со роговите го пробил лицето на матадорот

Хилда Тенорио (32), мексиканска матадорка, добила тешки повреди на лицето во арената на мексиканскиот град Пуебло, откако разбеснетоиот бик прво ја турнал на земја, а потоа ги забодел роговите во неа. Тенорио веднаш била префрлена во болница каде што е востановено дека бикот ѝ ја скршил горната вилица.