ВИДЕО: Сè уште траат напорите за поместување на товарниот брод заглавен во Суецкиот канал
Неколку реморкери се обидуваат да го повлечат товарниот брод што вчера се насука во Суецкиот Канал, нарушувајќи го сообраќајот во еден од најголемите водени трговски патишта во светот. Државната управа на каналот Суец (СЦА) соопшти дека осум реморкери се обидуваат да го свртат насуканиот панамски супертанкер „Евер Гивен” (Ever Given). Бродот е долг 400 метри и широк 59 метри, соопштија властите. …