• делница Велес-Градско

Делницата Велес – Градско затворена за сообраќај поради поставување заштитна мрежа

Поради поставување на заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско,  денеска ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 10 до 16 часот, информираат од Авто-Мото Сојуз на Македонија (АМСМ). Од утре до четврток делницата ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 8 до 16 часот.