Таборот на Таравари: Судската одлука со која Зијадин Села ги добива печатите на партијата е донесена надвор од судот со големи притисоци

Алијанса за Албанците/Фото: Слободен печат

Таборот на Алијанса за Албанците предводен од Арбен Таравари ја обвини групата на Зијадин Села дека извршила притисок во Основниот суд во Тетово за да сменат тројца судии кои требале да одлучат на кого ќе му припадне Алијансата за Албанците.

Пресудата во која се вели дека печатите ги добива крилото на Села, наместо да ја добие нашиот правнен застапник таа беше објавено во медиумите блиски до ДУИ, велат од крилото на Таравари

„Вчера бевме сведоци на вест дека печатите на Алијансата на Албанците и припаднале на незадоволната група која реши да ја напушти Алијансата на Албанците и да се спои со ДУИ. Оваа вест излезе во јавноста пред за неа да биде известен правниот застапник, а како таква први ја објавија медиумите блиски до ДУИ. Незадоволната група која заврши во ДУИ ги искористи сите механизми на моќта и смени три судии се додека не успеаја да го најдат својот омилен судија кој неправедно можел да ја заврши работата, изјави портпаролот Рамадани.

„На оваа одлука и претходеше изземање на тројца судии. Првин предметот беше определен кај единствениот судија во Основниот суд во Тетово кој е надлежен да постапува по предметите на политичките партии, судијката Бојана Тоиќ, меѓутоа другата страна бараше нејзино изземање со образложение дека премногу бавно се работел предметот. Претседателот на судот, кој го уважи ова барање заборава дека предметите во Основниот суд Тетово се закажуваат и после шест месеци па и повеќе и не се процесираат со месеци и години. После тоа предметот беше доделен кај судијката Тодора, па и кај неа имаше барање за изземање со образложение дека претседателот Арбен Таравари бил близок пријател со братот на судијката, иако тој бил починат пред 4 години. После тоа предметот беше доделен кај судијката Јасмина, која под очигледен притисок, дента кога го прима предметот, отвара боледување и така предметот стигнува до судијата Илир Реџепи“, посочи адвокатот на таборот на Арбен Таравари Абидин Абдули.

Тој најави жалба на одлуката на тетовскиот суд.

„Судечкиот судија во предвид не зел ниту еден доказ доставен од правниот застапник на крилото на Таравари и одлуката е донесена надвор од судот.Оваа одлука ќе ја обжалиме во Апелациониот суд во Гостивар, а ќе ги разгледаме и сите можности за кривична и процедурална одговорност на претседателот на Судот и на судечкиот судија, рече Абдули.

Поделбата на алијансата следи откако Таравари, како актуелен претседател, и Села како негов претходник, ја поделија партијата и се разидоа по прашањето дали Алијанса да настапи на претстојните претседателски и парламентарни избори – самостојно или во коалиција со опозициските партии на Албанците.

Поделбата на Алијанса е запечатена, судот ќе го додели печатот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот