Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

СЗО со предупредување до младите: Коронавирусот може да ве убие

Светската здравствена организација (СЗО) синоќа упати застрашувачко предупредување кон младите луѓе низ светот, укажувајќи им дека коронавирусот може да го влоши здравјето и да убива и млади луѓе и дека тие треба да избегнуваат да се собираат и потоа да го пренесуваат на повозрасните и поранливите категории луѓе, јавија агенциите.

Бројот на заразени со коронавирусот низ светот утринава е веќе над 275 000, а на смртните случаи околи 11.500.

– Иако повозрасните луѓе се најзасегнати, вирусот не ги одминува ни помладите. Податоците од многу земји покажуваат голем процент на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, а се под 50-годишна возраст. Денеска имаме порака кон младите луѓе: Вие не сте неранливи пред вирусот – тој може да ве однесе во болница со недели и дури и да ве убие. Дури и да не се разболете, изборот каде да отидете може да се покаже прашање на живот и смрт за некој друг, изјави првиот човек на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

На одгласите за светски недостиг на заштитна облека за здравствените работници и тестови за коронавирус кинеските производители се договорија да испорачаат таква опрема за СЗО. Постигнат е договор материјалите да се испорачаат во складот на СЗО во Дубаи и оттаму ќе бидат насочувани таму каде има најголема потреба од нив.

– Ќе има потреба од „воздушни мостови” за изведување на испораките до земјите во кои здравствените работници имаат потреба од нив, откако многу редовни летови беа откажани, изјави Мајк Рајан, експерт на СЗО за вонредни ситуации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот