Ковид Данска/ Фото EPA-EFE/EMIL HELMS

СЗО регистрира 90-процентен пад на смртните случаи од ковид-19 од минатата зима

Бројот на смртни случаи од ковид-19 нагло опадна од минатата зима, соопшти Светската здравствена организација.

„Минатата недела, околу 9.400 смртни случаи поврзани со Ковид-19 беа пријавени ширум светот“, соопшти денеска во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Ова е речиси 90 проценти помалку отколку во февруари, кога беше постигнат овогодишниот неделен врв од 75.000.

Иако тоа е позитивен развој, премногу луѓе сè уште умираат, рече Тедрос на прес-конференција.

„Речиси 10.000 смртни случаи неделно се 10.000 премногу за болест која може да се спречи и лекува“, нагласи тој.

Ковид-19 сè уште е пандемија, рече епидемиологот на СЗО Марија Ван Керхове.

Претходната недела, ширум светот беа пријавени околу 2,1 милион нови инфекции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!