Фото: Ivan Radic / Flickr

СЗО објави листа: Ова се најсмртоносните болести што се пренесуваат преку храна

Светската здравствена организација (СЗО) и Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) објавија извештај кој ги рангира за најчестите вирусни болести кои се пренесуваат преку храна, со цел да укажат на сериозноста на овие болести кои можат да имаат фатални последици на глобално ниво.

Прв на листата е норовирусот

Според извештајот, норовирусот е водечка причина за болести што се пренесуваат преку храната. Овој вирус е исклучително заразен, а преносот е толку голем што може да се шири и во случаи кога нивото на контаминација на храната е многу ниско.

Норовирусот предизвикува симптоми како што се дијареја (пролив), повраќање, болки во стомакот и зголемена телесна температура. Проценките на СЗО покажуваат дека норовирусот предизвикува 125 милиони заболувања и 35.000 смртни случаи годишно.

Во САД, норовирусот е одговорен за 58 отсто од сите болести што се пренесуваат преку храната, а во тој контекст се проценува дека предизвикува околу 2.500 епидемии годишно.

Најчести извори на контаминација се готовата храна, замрзнатите бобинки и школките.

Хепатитис А — глобална закана

Вториот најчест вирус е хепатитисот А, кој предизвикува околу 14 милиони заболувања и 28.000 смртни случаи годишно. Се пренесува преку контаминирана храна, а најчести извори се школките, замрзнатото овошје и готовите оброци.

Во земјите со пониски хигиенски стандарди, овој вирус се шири многу побрзо. Во развиените земји, вакцинацијата го намалува ризикот, но вирусот сè уште претставува сериозна закана, особено за ранливите категории на население.

Хепатитис Е — опасност од животни производи

На третото место е хепатитисот Е, кој се пренесува од животните на луѓето, најчесто преку недоволно зготвени производи од свинско месо, како црн дроб и паштети. Вирусот може да предизвика сериозни здравствени проблеми како цироза на црниот дроб и невролошки нарушувања.

Фото: Ivan Radic / Flickr

Други вируси со помалку познати ризици

Меѓу останатите вируси што се пренесуваат преку храна се астровирусот, саповирусот, ентеровирусот и ротавирусот. Иако не се толку добро проучени, тие можат да предизвикаат сериозни заболувања.

Извештајот на СЗО и ФАО повикува на подобрен надзор и меѓународна координација за да се намали ризикот од овие болести. Експертите препорачуваат подобрена обука за рано откривање на вируси во храната, како и строги хигиенски стандарди во прехранбената индустрија.

Со оглед на зголемениот глобален обем на трговија со храна и климатските промени, експертите предупредуваат дека ризиците ќе растат. Брзите и ефективни мерки за контрола и превенција може да спасат милиони животи ширум светот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот