EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Свитолина: Ќерка ми и војната ме направија поинаква личност

Полуфиналистката на највредниот тениски турнир Вимблдон раскажува како изменетите приоритети придонеле за нејзиниот успех во Лондон

Последен пат Елина Свитолина беше во полуфинале на грен-слем турнир во 2019 година, а тогаш Украинката размислуваше за трофеи, пари и слава. Сега таа игра од поважни причини, нејзината ќерка Скај, која се роди во октомври и за Украина, која беше нападната од Русија во февруари 2022 година.

Свитолина е убедена дека овие клучни моменти влијаат на начинот на кој таа ја удира топката на теренот. Таа е во полуфиналето на Вимблдон откако ја совлада најдобрата тениерка на светот Ига Швјонтек со 7-5, 6-7, 6-2.

Во полуфиналето во четврток таа ќе игра со Маркета Вондрушова.

– Војната ме направи посилна. Ментално, веќе не ги сфаќам тешките ситуации како катастрофа. Има и полоши работи во животот. Сега сум посмирена – вели 28-годишната Свитолина.

Taa беше број 4 во светот, но моментно е под 76. место во рангирањето на ВТА.

– Секако дека сакам да победувам, ја имам таа мотивација. Но, мислам дека тоа што имам дете и војната ме направија друга личност. Поинаку гледам на работите – изјави Украинката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот