Фото: Инстаграм/Селена Гомез

Светската слава и притисокот на луѓето ѝ го уништија детството: Селена Гомез се избори со депресијата, но со едно не успеа

Светски познатата пејачка Селена Гомез за магазинот „Ел“ изјавила дека славата која ја доживеала имала лошо влијание на детството и нејзините рани дваесетти. Откри дека би сакла да знае во што се впушта, пред да влезе во светот  на познатите, пренесува „Кликс.ба“.

„Не се каам за ништо, имам фантастично семејство и правила ги поставуваа моите родители и јас го ценам тоа. Сепак, мислам дека не би го направила тоа на многу млада возраст ако размислував за себе“ изјави Гомез.

Селена објасни дека имало многу работи и ситуации поради кои се чувствувала како да заостанува зад другите.

„Големиот притисок од другите луѓе не ми помогна да развијам чувство за себе во моите дваесетти. Тоа беше многу тешко време. Јас живеам со него секој ден“, изјави таа.

Поп ѕвездата призна дека се труди позитивно да гледа на светот и да се фокусира на проектите што ги сака.

„Се трудам да останам позитивна за сè и да се фокусирам на работите што навистина ме прават среќна. Сепак, би им рекла на другите дека можеби треба да почекаат и да живеат малку“, додаде таа.

Во периодот кога ја промовираше серијата „13 причини зошто“, во соработка со Нетфликс, а во согласност со приказната на која се базира, зборуваше и за своето искуство. Во серијата се работи за тинејџерка која се самоубива, а пред тој чин им остава пораки на 13 луѓе во кои објаснува како токму тие придонеле за нејзината смрт. Селена ја искористила оваа прилика и искрено зборувала за медиумите дека се пронашла во оваа приказна, бидејќи нејзиното искуство во училиште било исклучително тешко. Таа ги спомнала и месеците кои ги поминала во центар за рехабилитација, меѓу другото и лекувајќи се од лупус.

Таа тогаш нагласи дека сака да им помогне на младите.

Инаку, Гомез својата актерска кариера ја започна со појавувањето во серијата „Барни и пријателите“ во 2002 година кога имаше само 10 години. Пет години подоцна таа стана ѕвезда како главна актерка во „Волшебниците од Вејверли Плејс“ на каналот Дизни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот