светска банка
Светска банка / Фото: МИА

Светската банка одобри заем од 80 милиони евра за БиХ за подобра енергетска незавиност

На 1 мај, Одборот на извршни директори на Светската банка одобри заем од 79,90 милиони евра и грант од 2,89 милиони евра за Босна и Херцеговина, објави Кликс.ба.

Тие посочија дека овие финансиски средства се наменети за Интегрираниот план за енергија и клима на Босна и Херцеговина, подобрувањето на енергетската независност, зголемувањето на можностите за создавање нови работни места и зајакнувањето на локалните економии во регионите кои претходно зависеа од јаглен.

Проектот за праведна транзиција во одбрани региони богати со јаглен во Босна и Херцеговина, како што образложија, ќе обезбеди помош за пренамена на поранешното рударско земјиште во Бановиќи, Зеница и Крека и ќе го олесни затворањето на јамите на рудникот Зеница.

Дополнително, како што најавија, ќе се обезбеди поддршка за инсталирање на системи за обновлива енергија на земјиштето на рудниците Бановиќи и Крека, ќе се обезбедат мерки за социјална заштита и програми за обука за работниците од овие заедници за да им се овозможи вработување во други сектори.

„Овој нов проект претставува можност за подобрување на енергетската безбедност на Босна и Херцеговина, а воедно и обезбедување поддршка на локалните заедници, за да се осигури дека никој не е изоставен“, изјави Кристофер Шелдон, раководител на канцеларијата на Светска банка за Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот