Свештеник од Израел во ропство држел 50 жени

Истражувањето поради сомненија дека постои таков култ почнало пред неколју години, а истите се неодамна обновени поради тоа што некои жени побегнале и пријавиле за својата ситуација кај властите.

Израелската полиција уапси еден еврески свештеник (рабин), кој е осомничен дека во ропство држен педесетина жени во Ерусалим, во дел од градот кадешто живеат ултраортодоксни Евреи, пренесува „Б92“.

Уапсени се и осум жени, кои се осомничени дека соработувале со него.

Полицијата истражува дали лидерот на тој култ на ултраортодоксни Евреи ги злоупотребувал жените и нивните деца. Постојат сомененија дека жените биле „сексуално експлоатирани“ и дека некои наводно морале да ги ставаат своите раце во оган за да „почувствуваат како е во пеколот“, пренесуваат израелските медиуми.

Се верува дека во култот имало околу 50 жени, а дваесет од нив полицијата веќе ги испрашувала.

Истражувањето поради сомненија дека постои таков култ почнало пред неколју години, а истите се неодамна обновени поради тоа што некои жени побегнале и пријавиле за својата ситуација кај властите.

Благодарение на нивните сведочења, се појавија нови докази дека постои комуна на ултраортодоксни Евреи кои делува зад параванот дека организира женски семинари. Таму жените живееле со своите деца во пренатрупани станови во лоши санитарни услови, а лидерот на семинарот, според сомненијата систематски ги злоупотребувал.

Се верува дека тој им земал пари на жртвите кои заработувале. Жените биле потполно изолирани од своите семејства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот