Фото: Giuseppe Catuogno / Zuma Press / Profimedia

Свадбата на годината заврши, медениот месец е во тек: Еве каде моментално се наоѓа милионската јахта на Џеф Безос

Џеф Безос и Лорен Санчез по венчавката одлучија го поминат медениот месец крстарејќи по хрватскиот брег.

Јахтата „Кору“, долга 127 метри и вредна 500 милиони долари, во сопственост на најбогатиот човек во светот, Џеф Безос кој е „тежок“ 237 милијарди долари, е закотвена пред Цавтат. Но, очигледно нема да остане таму долго бидејќи следната дестинација е Грција, пренесува „Јутањи лист“.

Џеф и Лорен Санчез не беа видени во Цавтат утрово, како што рекоа локалните жители, но можеби ќе дојдат во ресторан на вечера.

Џеф Безос и новинарката Лорен Санчез решија да го поминат медениот месец крстарејќи по хрватскиот брег по нивната свадба во Венеција на 27 јуни: Тие поминаа доста време на јахтата „Кору“ дури и пред да го кажат судбоносното „Да“ во најромантичниот град во светот.

Тие се познати како големи љубители на Јадранот. Веќе ги посетија Хвар и Млет, а беа и во Дубровник во 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот