Сумата ќе ве шокира: Александра Пријовиќ дала 84.000 евра на облека за концертите во Загреб

Фото: Инстаграм/Александра Пријовиќ

Српската пејачка Александра Пријовиќ (28) ги одржа петте концерти во загрепската Арена. За време на настапите познатата пејачка имаше неколку различни модни комбинации, кои очигледно ја чинеле вртоглаво висока сума.

Како што пренесува „Телеграф“ облеката може да се најде на официјалните веб-страници на брендовите, што значи дека цените се веродостојни, а кога се ќе се соберат цените, сумата е неверојатна – над 84.000 евра.

Во оваа сума не е вклучена цената на фустаните што таа ги носеше, а кои ги дизајнираше Тијана Тодоровиќ, жена која со години се занимава со стајлингот на Александра. Српските медиуми велат дека цената на фустаните, кои пејачката ги носеше во Загреб би чинеле од 3.000 до 5.000 евра.

Првата вечер Александра носеше обетки „Бурбери“ со кристали чија цена е 250 евра, сандали „Џузепе Заноти“ од 790 евра, а посебно внимание привлече моќната, кожна комбинација на брендот „Александар Меквин“, која Александра ја носеше додека го изведуваше еден од најголемите хитови оваа година „Дам, брана, брана“.

Овие парчиња облека беа во црна боја, со детали со машна. Само здолништето е 5.420 евра, додека горниот 3.032 евра. Александра платила и 1.437 евра за чизмите кои одлично се вклопиле во целата модна комбинација.

Покрај кожената комбинација, Александра носеше и елегантен костум, исто така од „Александар Меквин“. Сакото кое го истакна нејзиното деколте чини 1.919 евра, додека панталоните со голема машна чинат 1.890 евра. Покрај тоа, таа носеше плишани високи потпетици од „Ив Сен Лоран“ од 945 евра.

Втората вечер пејачката носеше асиметрични сребрени обетки од „Александар Меквин“ вредни неверојатни 959 евра и син кожен фустан и ракавици од истиот бренд. Цената на фустанот е 7.523 евра, а ракавиците 690 евра. Истата вечер таа облекла јакна од „Александар Меквин“ од 16.234 евра, панталони од 1.716 евра и плишани платформи од „Ив Сен Лоран“ за 945 евра.

Третата вечер облекла кожени панталони од 4.590 евра, додека горниот дел од „Александар Меквин“ чинел 12.000 долари или 11.131 евро.

Пејачката на четвртата вечер облече мини блејзер, црн фустан украсен со кристали чија цена е 12.470 евра, здолниште „Версаче“ од 1.400 евра, кожна јакна од 3.700 евра и ремен „Версаче“ од 851 евро.

Заедно со црниот фустан на Тијана Тодоровиќ, пејачката носеше обетки „Оскар дела Рента“ во вид на диско топки со кристали од 315 евра.

Таа петтата вечер облекла фустан чија цена на официјалната страница на брендот „Версаче“ е 4.750 долари или 4.433 евра. Чизмите биле од црна кожа со мотив „крокодил“, а нивната цена е 2.025 долари или 1.890 евра. Носела и појас од истата модна куќа за 550 долари или 513 евра.

Сè на сè, убедливо најскапата ноќ кога станува збор за тоа што облекла била онаа за вториот концерт во Загреб, бидејќи сумата изнесува над 28.000 евра.

Некои од најзабележителните модни комбинации може да ги погледнете ТУКА.

ФОТО | Александра Пријовиќ дотерана во загрепска Арена, само за едно парче од стајлингот дала 16.000 евра

ФОТО+ВИДЕО | Александра Пријовиќ и четвртиот ден пеела во луксузна модна комбинација: Моделот чини над 13.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот