Седница на судски совет / Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Судскиот совет за изјавите на Мицкоски – секој кој има докази за криминал во судството е должен да пријави

Судскиот совет остро се спротивставува на користењето на судството за дневно политичка кампања, реагира највисокото судско тело по изјавите на премиерот Христијан Мицкоски кој најави серијал за работата и обвинителите и речиси секој ден зборува дека е против зголемување на платите на судиите и обвинителите.

– Судиите се самостојни и независни во донесување на одлуките и секое коментирање однадвор се смета за упад во судството. Судиите и покрај тоа што работат со ограничени човечки и финансиски ресурси даваат максимални напори за брза и ефикасна правда. Секој кој има сериозни индиции и докази за криминално и коруптивно однесување во судството должен е веднаш да пријави до Судскиот совет и други надлежни органи, затоа што непријавувањето на истите претставува сериозно кривично дело. Судскиот совет на Република Северна Македонија како самостоен и независен орган на судската власт во иднина нема да се вклучува во коментирање на било какви политички изјави, а секогаш ќе реагира во насока за заштита на законитоста и независноста на судството – се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот