Судски совет, табла / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Судскиот совет ќе формира комисија за утврдување на бројот на предмети што треба да ги реши судијата месечно

Судскиот совет денеска треба да донесе одлука за формирање на Комисија за утврдување на ориентациониот број на предмети што треба да ги реши судијата месечно во основните судови, во апелационите судови, Управниот суд, Вишиот управен суд и во Врховниот суд на Република Северна Македонија за 2025 година.

На дневниот ред од денешната седница е и разгледување на извештајот за спроведена работна посета на Основен кривичен суд Скопје и Апелационен суд Скопје.

Советот денеска треба да ги усвои записниците од 504 и 513 седница и да донесе одлуки за престанок и избор на судии поротници.

Разгледување на извештајот за проверка на навременост на пријавите и комплетност на документите по објавен оглас за избор на претседател на Врховен суд на РСМ, Основен суд Берово, Основен суд Делчево, Основен суд Охрид и Основен суд Радовиш е исто така, на дневниот ред.

Расправата по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет е предвидена на крајот од седницата, исто како и точката разно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот