Судот во Италија одлучи: Децата треба да го имаат презимето на двајцата родители

На италијанските деца треба да им се даде презимето на двајцата родители, соопшти Уставниот суд, со што ја поништува традицијата според која сите новороденчиња автоматски се именуваат по нивниот татко, пренесува Ројтерс.

Сегашната практика е „дискриминаторска и штетна за идентитетот“ на детето, се вели во соопштението на судот, во кое се додава дека двајцата родители треба да можат да го изберат презимето.

На децата треба да им се даваат презимињата на двајцата родители по редослед каков што ќе одлучат, освен ако не се согласат нивните деца да земат само едно од нив, се додава во соопштението на судот.

Сега е потребна нова легислатива, која треба да биде одобрена од парламентот, за да се спроведе одлуката.

Министерката за семејство Елена Бонети на Фејсбук напиша дека владата целосно ќе го поддржи парламентот во овој процес.

„Треба да дадеме суштина (на одлуката) и тоа е висок приоритет и итна задача на политиката да го стори тоа“, напиша таа, додавајќи дека родителите треба да преземат еднаква одговорност за воспитувањето на детето.

Папата Франциск и политичките лидери на Италија изразија загриженост за влијанието на падот на наталитетот врз земјата, при што трошоците за одгледување деца се сметаат за еден од факторите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот