Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Судот потврди: Смртта на Лиjам Пејн е несреќен случај, а не самоубиство

Три недели по трагичната смрт на Лиjам Пејн, властите во Аргентина потврдија дека станува збор за случајна смрт. Поранешната ѕвезда на „Уан дајрекшн“ почина  како последица од повеќе повреди откако падна од балконот на третиот кат од неговата хотелска соба во Буенос Аирес на 16 октомври.

Обдукцијата не откри знаци на самоповредување, сепак, три лица се обвинети бидејќи наводно го снабдувале пејачот со опојни супстанции и му овозможиле употреба на дрога. Властите не дозволуваат неименуваните лица да ја напуштат земјата. И покрај обвиненијата, никој од тројцата сè уште не е уапсен.

Како што пишува „Ел Мундо“, а пренесува „Њуз 18“, националното казнено-поправно обвинителство изјавило:

„Во контекст на истрагата за смртта на британскиот музичар Лиам Џејмс Пејн, која се случи на 16 октомври кога тој падна од балкон во хотел во населбата Палермо. Буенос Аирес, поради што три лица се обвинети за кривични дела. Токсиколошките тестови покажаа дека поранешниот член на „Уан Дајрекшн“ консумирал алкохол, кокаин и антидепресиви, најмалку 72 часа пред неговата смрт. Извештаите, исто така, потврдија дека Пејн не презел никакви заштитни мерки за време на падот, што укажува на тоа дека тој можеби бил во несвест или полусвесен, за време на истиот“.

Ова ги наведе инспекторите да заклучат дека неговиот пад не бил намерен и не се работи за самоубиство, бидејќи тој не бил свесен за постапките поради неговата состојба.

Порталот понатаму објави дека едно од обвинетите лицата бил со Лијам Пејн за време на неговиот престој во Буенос Аирес. Друг бил вработен во хотелот, а третиот е опишан како дилер на дрога.

Според претходните извештаи, новинарката Пола Варела тврдела дека полицијата пронашла снимка на која се гледа како Лиам Пејн паѓа од балконот на хотелот. Сепак, таа напомена дека властите одлучиле да не ја објават снимката во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот