Диди и Џеј Зи / Фото: Bellak Rachid/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Судот го одби барањето на Џеј Зи да го открие идентитетот на жената што го тужеше, жртвата може да остане анонимна

Раперот Џеј Зи, чие вистинско име е Шон Картер, неодамна беше обвинет за силување на 13-годишно девојче заедно со неговиот колега, раперот Шон Диди Комбс. И Џеј и Диди ги негираа обвинувањата, а Џеј јавно го повика адвокатот Тони Базби, кој ја застапува неидентификуваната жена која ги тужеше. Покрај неговата расправија на социјалните мрежи со адвокатот, неговиот адвокатски тим поднел барање да се открие името на жената која ја поднела тужбата против раперот.

Но, судот го одбил неговото барање и поради тоа тужителот може да продолжи со тужбата и да остане анонимен. Како што пренесува „Њујорк Пост“, судијката Аналиса Торес одлучила дека „тежината на факторите фаворизира да му се дозволи на тужителот да остане анонимен, барем во оваа фаза од парницата“.

Торес ги објасни нејзините причини и рече дека судот не е обврзан да ги наведе сите фактори или „да користи некоја посебна формулација сè додека е јасно дека ги балансира интересите кои биле централни за да се дојде до овој заклучок“. Судијата, исто така, верува дека наводната жртва е „особено ранлива на можната штета од обелоденувањето“, сето тоа затоа што таа наводно продолжува да се бори со депресија, посттрауматско стресно растројство и напади на паника поврзани со стресот што го доживеала како резултат на сексуална злоупотреба.

Судиката го изрази своето незадоволство поради фактот што Џеј Зи и неговиот адвокат Алекс Спиро побараа непознатата жена да го открие нејзиниот идентитет и дека сакаа да го одбијат нејзиното барање да продолжи со тужбата како Џејн До.

„Постојаното поднесување предлози од страна на адвокатот на Картер кои содржат заговарање и напади е несоодветно, губење на судските ресурси и тактика која веројатно нема да биде од корист на неговиот клиент. Судот нема да го забрза судскиот процес само затоа што адвокатот го бара тоа“, напиша таа во нејзината пресуда.

Непозната жена, која се нарекувала Џејн До во тужбата, поднела тужба за силување против Диди уште во октомври. На почетокот на овој месец, таа ја измени тужбата за да го вклучи името на Џеј Зи. Таа тврди дека инцидентот се случил на забава по доделувањето на видео музичките награди на MTV во 2000 година, кога имала 13 години. Во тужбата таа рече дека сѐ се случило откако отишла на забавата на Диди каде се напила. После тоа ѝ се вртело и отишла да се одмори во спалната соба. По неа во собата влегле Комбс, Картер и уште една непозната славна личност. Таа тврди дека раперите наизменично ја силувале, додека славна личност ја гледала.

Џеј Зи брзо ги отфрли обвинувањата, како и адвокатите на Комбс. Диди долго време е во притвор во Њујорк, а се товари за рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и криминални дела поврзани со проституција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот