Фото: Pexels / Mikhail Nilov

Студија открива: Мачките можат да го разликуваат мирисот на своите сопственици од мирисот на странци

Домашните мачки можат да го разликуваат мирисот на своите сопственици од оној на странци, покажа нова студија од Универзитетот за земјоделство во Токио.

Познато е дека мачките го користат своето силно чувство за мирис за да идентификуваат и да комуницираат со други мачки, но истражувачите сè уште не утврдиле дали можат да го користат и за да разликуваат луѓе, објавува Би-би-си.

Претходните студии покажаа дека мачките можат да разликуваат гласови, да го протолкуваат погледот на некого за да најдат храна и да го менуваат своето однесување според емоционалната состојба на лицето.

Во студијата учествувале 30 мачки, а истражувачите поставиле пред нив пластични цевки или стапчиња со мирисот на нивниот сопственик, стапче со мирис на лице од ист пол, странец и чисто стапче .

Брисеви што ги содржеле мирисите биле триени под пазувите, зад ушите и меѓу прстите на сопственикот или странецот, а мачките поминале значително повеќе време душкајќи ги мирисите на непознати луѓе во споредба со нивниот сопственик или празна цевка, што укажува дека можат да разликуваат мириси на познати и непознати луѓе, се вели во студијата.

„Потребни се експерименти за однесување во кои на мачките им се презентираат повеќекратни стимули од мирисите на познати луѓе, а ние би требало да пронајдеме специфични модели на однесување кај мачките што се јавуваат само како одговор на мирисот на сопственикот“, вели научникот Хидехико Учијама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот