Македонска полиција/ Фото: Миа

Стружанец крадец во време на полициски час

Стружанец кривично ќе одговара бидејќи го прекршил полицискиот час, а е откриено дека извршил кражба во основното училиште „Браќа Миладиновци“.

Стружанец кривично ќе одговара бидејќи го прекршил полицискиот час, а е откриено дека извршил кражба во основното училиште „Браќа Миладиновци“.

Стружанецот Т.Н. (31) во неделата во 16.35 часот, за време на ограничувањето на движењето на граѓаните, при контрола за доследно спроведување на мерките за ограничено движење за време на полицискиот час и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус, полициските службеници го затекнале пријавениот на улицата „Боро Хаџиески Путе“ во Струга.

По дополнително преземени мерки, констатирано е дека тој, ден претходно извршил тешка кражба во ОУ„Браќа Миладиновци“ во Струга, од каде, по насилно влегување, противправно одзел повеќе видoви на машини и апарати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот