Стрес и проблеми со алкохолот: Ѕвездата на „ИГРА НА ПРЕСТОЛИ“ на рехабилитација

Instagram

Ѕвездата на „Игра на престолите“, актерот Кит Харингтон (Џон Сноу) завршил на рехабилитација откако е емитувана последната епизода на хит-серијалот, соопштил неговиот портпарол.

„Кит одлучи да ја искористи паузата во неговиот работен распоред како прилика некое време да се повлече и да поработи на решавањето на некои лични проблеми“, стои во соопштението.

Благодарение на „Играта на престолите“, Харингтон стана светки познат.

Дејли мејл објави дека глумецот тешко го погодило завршувањето на серијалот и дека е на рехабилитација поради стрес, исцрпеност и проблеми со алкохолот.

Престојот во центарот за рехабилитација „Privé-Swiss Wellness“ во кој Кит сега се наоѓа, чини повеќе од 120.000 долари месечно. За тоа богатство ги учат посетителите како да се справуваат со стресот и со негативните емоции, пишува Дејли мејл. Неофицијално во неговата програма е и помошта во одвикнување од алкохолот.

Неговата сопруга Роус Лесли, со која се запознал на снимањето на „Игра на престолите“, му пружа целосна поддршка.

„Сакаме Кит конечно да се одмори и да си дојде на себе. Потребни му се мир и тишина“, велат неговите пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот