Стив Банон / Фото EPA-EFE/DIEU-NIALO CHERY

Стив Банон: Трамп треба да го депортира Маск и да го преземе СпејсИкс

Поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Банон, изјави дека Трамп треба да издаде извршна наредба користејќи го законот за мобилизација на националната безбедност од ерата на Корејската војна – познат како Закон за производство на одбраната, за да ја преземе контролата врз компанијата на Илон Маск, СпејсИкс, и дека Маск треба да биде депортиран во Јужна Африка.

Пад на акциите на „Тесла“ по јавниот конфликт меѓу Маск и Трамп

Банон, кој е познат и како критичар на Маск, го кажа ова во својата емисија „War Room Live“ и рече дека американската влада треба да го заплени СпејсИкс, а безбедносната дозвола на Маск да биде поништена и сите федерални договори со неговите компании да бидат суспендирани додека трае истрагата, објави „Њујорк тајмс“.

Како што рече, треба да се започне и процесот на депортација на Маск.

„Илон Маск е нелегален имигрант. И мора да си оди. Треба да има официјална истрага за неговиот имиграциски статус бидејќи цврсто верувам дека е нелегален имигрант и треба веднаш да биде депортиран“, рече Банон.

Тој исто така додава дека властите треба да покренат истрага против Маск за употреба на дрога.

Маск е роден во Преторија, Јужна Африка, добил канадско државјанство во 1988 година благодарение на неговата мајка, канадска моделка, а студирал на Универзитетот во Пенсилванија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот