Foto: EPA-EFE/GRAEME SLOAN

Стив Бенон, поранешниот советник на Трамп, осуден на четири месеци затвор и 6.500 долари

Советникот на поранешниот американски претседател Доналд ТрампСтив Банон, е осуден на четири месеци затвор и парична казна од 6.500 долари поради непочитување на Конгресот, јавува „Си-Ен-Ен“.

Судијата најави дека Банон нема да мора да одлежи затворска казна додека не се реши неговата жалба.

Банон има рок од 14 дена да поднесе жалба, а доколку не поднесе, има рок до 15 ноември да се пријави во затвор.

Тој беше осуден по четири точки за презир на Конгресот затоа што одби да сведочи пред Комисијата за инвазијата на Капитол на 6 јануари 2021 година, кога поддржувачите на Трамп одбија да ја признаат победата на Џо Бајден на претседателските избори.

Бенон беше еден од клучните советници на Трамп за време на изборната кампања во 2016 година, а потоа служеше како стратег на Белата куќа во 2017 година, пред да се скара со Трамп,

Нивните односи подоцна се подобрија.

Илјадници луѓе упаднаа во Капитол на 6 јануари 2021 година, по жесток говор во кој Трамп рече дека ги загубил изборите поради масовна измама и кражба на гласови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот