Промоција на книгата во „Буква“

Стихозбирката „Антисвет“ од Ана Тодоровска е објавена во издание на „Илика“

Дебитантската збирка поезија „Антисвет“ од Ана Тодоровска, во издание на издавачката куќа „Илика“, беше промовирана на 14 септември, во рамките на 9. издание на мултимедијалниот фестивал „АртАреа / Артерија“. Стихозбирката беше промовирана низ разговор на Марија Велинова со авторката.

Ана Тодоровска постојано балансира меѓу лиризмот и апелативноста, позиционирајќи се себеси некаде помеѓу крајностите, односно зафаќајќи место на еден постојан набљудувач кого, можеби, не го интересираат крајните одговори, но несомнено го интересира потрагата по нив. Преку песните се истражуваат внатрешното поврзување со себе и односите со околината и градот, притоа завршувајќи катарзично.

„Антисвет“ ги потенцира антисветовните одлики на секојдневјето, како и сите проблеми, прашања и препреки со кои се соочува лирскиот субјект живеејќи во него, притоа обидувајќи се да ги разреши.

Ана Тодоровска (1993, Скопје) е дипломирана психологинка, визуелна уметница и поетеса. Во 2017 година дипломира на Институтот за психологија при Филозофскиот Факултет во Скопје, а во 2019 ја завршува Академијата за визуелни уметности при Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“ и „Seavus“. Во 2022 година завршува едукација за Експресивна арт-терапија во Белград.

Во последниве пет години работи интердисциплинарно, комбинирајќи ги психологијата и уметностите во функција на личниот развој и самоистражувањето.

Преку својот проект „Мрак“ од 2016 година до денес работи интердисциплинарно истражувајќи аналоген и дигитален колаж, асемблаж, употреба на рециклирани материјали, редактирана поезија и границата меѓу вербалниот и невербалниот израз.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 299, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 20-21.9.2025)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот