Фото: GNK Dinamo Zagreb

Стефан Ристовски ќе игра за турскиот суперлигаш Кочаелиспор?!

Откако го напушти Динамо Загреб, македонскиот фудбалер Стефан Ристовски (33) ова лето би можел да ја продолжи кариерата во Турција.

Најновите информации велат дека Ристовски се поврзува со турскиот клуб Кочаелиспор.

Кочаелиспор минатата сезона го освои првото место во втората лига, и во новата ќе настапува во најсилната турска Суперлига.

Нашиот дефанзивец за Динамо имаше 185 официјални настапи со седум голови и 21 асистенција.

На клупски план беше дел и од Вардар, Парма, Кротоне, Фросиноне, Бари, Латина, Риека и Спортинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот