
Стефан Пауновиќ ќе го води словачкиот прволигаш Ново Место
Селекторот на женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија, Стефан Пауновиќ во новата сезона ќе биде тренер на словачкиот прволигаш Ново Место. По две години поминати во финска Вампула стратегот од оваа година ќе ги здружи силите со македонската репрезентативка Ерјона Јонузи во новиот клуб.
Препорачано
Организаторот на играта во националниот тим од минатата сезона го носи дресот на Ново Место, а сега работата од репрезентацијата ќе ја продолжи во клупската средина под водство на Пауновиќ.
Србинот по успешното лето со селекцијата на Македонија, која ја предводеше до прва победа на европско тло по пауза од 17 години, се посветува на нови клупски обврски, а ќе има и можност да работи со Јонузи во текот на целата сезона, што дополнително оди во прилог и за репрезентацијата.
Во клубот со Пауновиќ и Јонузи како статистичар ќе работи и Татјана Поповиќ, која е дел од стручниот штаб и на македонската репрезентација.
Пауновиќ претходно покрај ангажманот со сениорскиот национален тим на Македонија, ја водеше и нашата селекција до 19 години, додека на клупски план покрај Финска има работено и во Романија и Либија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
40мин
-
1час
-
3час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5