Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Станал хит на социјалните мрежи затоа што живее како сè уште да се 2000-тите

Нема ни 30 години, но Тери Каиро од Флорида живее како времето да застанало на почетокот на 2000-тите. Наместо најновите трендови, неговиот секојдневен живот е исполнет со стари телефони на преклопување, кукли Барби и Братц, музика од Бритни Спирс и облека каква што младите носеле во трговските центри и плажите во тоа време.

Неговиот дом е трансформиран во вистинска временска капсула, со постери од поп-ѕвезди на ѕидовите, ДВД-а што одбележуваат една деценија, колекција игри и кукли и музика од таа ера што често свири во позадина.

„Отсекогаш ги сакав облеките што ги гледав во филмовите и на телевизија. А музиката од таа ера е едноставно непобедлива и носталгична“, изјавил Тери за „Њузвик“.

Тој е особено горд на својата соба украсена во стилот на филмот Скуби-Ду од 2002 година, а неговата облека ја одразува таа ера: ѓердани од школки, капи од Фон Дач и шарени шорцеви „Аберкромби“ се неопходни во неговиот гардеробер.

Неговиот омилен детаљ е неговата колекција од стари телефони на преклопување, вклучувајќи ги и оние што ги користел како дете.

„Денес, кога сите сме преплавени со известувања, овие телефони нè потсетуваат на едно побавно, поедноставно време“, рекол тој.

Покрај тоа што го гради својот дом и начин на живот врз носталгија, Тери собира и илјадници следбеници на Тикток, покажувајќи им ги своите модни комбинации, колекции и совети за „враќање во 2000-тите“. Поради тоа веќе соработувал со некогаш популарни брендови кои доживуваат враќање.

Но, за него, ова не е само мода, туку и филозофија на животот.

„Луѓето често имаат предрасуди за тоа како возрасните треба да изгледаат и да живеат. Мислам дека секој треба да има право да биде тоа што е и да го прави она што го сака, без оглед на неговата возраст“, заклучил Тери.

Трендот на враќање кон стилот од почетокот на 2000-тите е сè поприсутен кај помладите генерации, а модните брендови како што се „Холистер“ и „Коус“ веќе објавуваат колекции инспирирани од таа ера. Сепак, Тери вели дека за него тоа е многу повеќе од тренд – тоа е начин на живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот