Возило на македонската пожарна/ Фото: Архива

Стан изгоре во пожар во Делчево

Во пожар што избувна ноќеска по полноќ на улицата „Булевар Македонија“ во Делчево, целосно изгоре еден стан. Во настанот нема повредени, но едно лице било пренесено во Општата болница во Делчево од екипа на Итна медицинска помош за понатамошен преглед.

На местото на настанот интервенираа три противпожарни возила и екипи од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево, како и припадници на полицијата. Според информации од ТППЕ Делчево, пожарот бил целосно изгаснат во 01:30 часот по полноќ.

Од надлежните институции се најавени дополнителни информации за случајот во текот на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот