Студенти го блокираат влезот во српскиот јавен медиумски сервис РТС / 10 март 2025 / фото: Н1

Српските студенти го блокираа влезот во РТС: Никој нема да влезе додека не се ослободи јавниот сервис

Група српски студенти вечерва соопштија дека ја блокирале зградата на Радиотелевизија на Србија (РТС) и најавија дека блокадата ќе трае 22 часа.

Во објава на „Инстаграм“, студентите велат дека на сите вработени ќе им биде дозволено да си заминат, но дека никој нема да влезе додека „РТС не се ослободи“.

Студентите ги поканија граѓаните кои сакаат да остават донации да го сторат тоа на блиските факултети како што се Машинскиот, Правниот и Техничкиот факултет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот