Српскиот министер за транспорт соопшти дека од утре и фирмите можат да го користат единствениот таг на автопатиштата во Србија и Македонија

фото Миа

Преку веб-платформата за електронска наплата на патарина од утре сите правни лица ќе можат да плаќаат патарина преку интернет за возење на автопатите во Македонија и Србија. Оваа информација ја соопшти српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ кој истакна дека заедничкиот таг се покажал како одличен потег.

Заедничкиот таг меѓу Србија и Северна Македонија се покажа како одличен потег, за што најдобро говори фактот што речиси 20.000 луѓе во Србија ја искористија можноста да патуваат низ двете земји со еден таг, рече Весиќ.

Тој додаде дека компаниите со заедничкиот таг ќе го забрзаат протокот на стоки и услуги, и појасни дека можноста за користење на заедничкиот таг ќе важи за сите правни лица кои сакаат да станат нови корисници, како и за постоечките корисници на припејд системот и за оние кои имаат договор со ЈП „Патишта Србија“, како овластен дистрибутер за електронска наплата на патарина во постпејд системот.

Весиќ рече дека сите правни субјекти треба да ги проверат дневните лимити на платежните картички пред да станат корисници на веб-платформата, за да се уверат дека се во рамки на нивното планирано дневно трошење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот