
Среќен 34-ти роденден! Дали го препознавате? Момчето од фотографијата денес е славен актер
Еден од најпопуларните српски актери денес го слави својот 34-ти роденден, а во објава на својот инстраграм-профил се заблагодари на најбитната личност од неговиот живот – неговата мајка! Дали го препознавате?
Препорачано
Актерот Милош Биковиќ е едно од најголемите имиња во регионот и пошироко. Патот до врвот за него беше возбудлив, турбулентен, и никако лесен, но секако беше поплочен со упорност, работа и труд, што резултираше со одлични резултати на препознавање и извонредно поплочување на кариера на само 34 години.
View this post on Instagram
И додека денес се множат честитките до актерот од сите страни со најдобри желби, Биковиќ го прослави својот 34 роденден на социјалните мрежи со објава на фотографија од личноста за која славењето на овој ден е подеднакво важен – неговата мајка!
Тој објави фотографија од неговите многу рани години, на која тој е во рацете на неговата мајка, а нивните лица ги красат широки насмевки.
„Ви благодарам на сите. Особено на оваа девојка“, напиша Биковиќ покрај фотографијата заблагодарувајќи се на жената која го донела на овој свет.
View this post on Instagram
Неговата мајка заслужено го држи местото на најважна личност во животот на Милош, како најпожртвуваната личност која и покрај потешкотиите се борела да овозможи нему и неговиот брат се’ што им е потребно.
Актерот изминатиот период постигна особени и значителни професионални успеси кои се бурно пропратени од бројните фанови. Конечно го погледнавме продолжението на одличниот акционен филм „Јужен Ветер“, кој ги сруши рекордите на локалните кино сали, а Биковиќ го најави и новиот претстоен проект во соработка со светски познатиот актер Џони Деп.
View this post on Instagram