Фото: Принтскрин / Фејсбук

Среде бојкотите и протестите, Евросонг 2026 ќе се крои на гласање во ноември

Европската радиодифузна унија (EBU), која го организира Евровизискиот натпревар, објави дека ќе одржи онлајн состанок во ноември за да гласа за учеството на членките на натпреварот во 2026 година.

EBU потврди дека е испратено писмо до извршните директори на сите радиодифузери членки со кое ги информира за вонредната онлајн седница на генералното собрание на организацијата на почетокот на ноември, на која ќе ги одредат учесниците на Евровизискиот натпревар.

Израел не беше конкретно споменат во соопштението. Следниот Евросонг треба да се одржи во Виена во мај 2026 година.

Демократско гласање на сите членови

Во претходните извештаи на Австриската новинска агенција (APA) се наведуваше дека писмото на EBU до генералните директори се однесува на „невидена разновидност на мислења“ меѓу членовите за учеството на Израел и се нагласува дека за донесување на одлуката ќе се користи демократско гласање на сите членови.

Големи протести против учеството на Израел се одржаа во 2024 и 2025 година, за време на конфликтот во Газа, при што неколку земји објавија дека ќе го бојкотираат следното натпреварување доколку Израел повторно учествува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот