Сребро за македонската таеквондистка Рељиќ на Балкан Г1 Куп во Сараево

Мила Рељиќ (прва од лево на фото)/фото извор: Македонски Олимписки Комитет

Македонската таеквондистка Мила Рељиќ освои нов медал од меѓународните натпреварувања откако освои сребрен медал на Балкан Г1 Куп во Сараево, Босна и Херцеговина.

Нашата натпреварувачка како прва носителка беше слободна во првото коло, потоа извојува победа над Хрватката Леа Спехар со 2:1 во рунди.

Во полуфиналето Рељиќ триумираше со 2:0 во рунди над Норвежанката Каролине Гјелсвик, а во финалето и покрај одличната борба, Надја Савковиќ од Србија издвојува победа.

Со ова македонската таеквондистка ја продолжува низата на освојување на Г1 медали кои ѝ носат поени за олимписка норма за Париз 2024.

Претходно годинава Рељиќ стигна до сребрен медал и на Талин Г1 Опен, беше третопласирана на отвореното првенство во Турција од Г2 ранкингот на светската таеквондо федерација. Петтопласирана на Европските игри во Полска, имаше бронза на Европското клупско првенство во Софија, а златен медал на Скопје Рамус Г1 Опен меѓународниот натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот