Фудбалот како да беше во втор план на натпреварот Шкендија - Шкупи/Фото: Принтскрин/Youtube/Shkëndija Channel

Срамни сцени во Тетово: Расизам на натпреварот Шкендија – Шкупи

На прволигашкиот натпревар одигран во Тетово без голови (0:0) ремизираа екипите на Шкендија и новиот шампион Шкупи. Тетовските „црвено-црни“ имаа шанса во финишот да дојдат до победата, но Дориев не реализираше пенал.

Фудбалот како да беше во втор план и пред самиот старт на овој меч кој требаше да биде едно вистинско дерби меѓу екс и сегашен првак. Наместо да уживаме во фудбалската игра, видовме срамни сцени кои не му доликуваат на спортот воопшто.

Прво беше објавена информацијата дека не им беше дозволено на навивачи на Шкупи да отпатуваат за Тетово да ги бодрат играчите на ФК Шкупи, а потоа пред самиот влез на стадионот беа нападнати играчите на Гоце Седлоски.

Продолжија инцидентите и во текот на натпреварот, од трибините беа фрлени тоалетни хартии и беше употребен огномет, што не е нешто чудно во фудбалскиот свет, но секако доведува до прекин на мечот.

Потоа, односно на таргет беа играчите на Шкупи, пред самиот крај на првото полувреме летаа камења кон гостинските фудбалери, а еден од нив беше погоден во главата, станува збор за Ардит Иљази.

Потоа, со тврд предмет беше удрен еден од помошниците на главниот судија Александар Ставрев. Тоа доведе до мешаница на теренот, во судир влегоа и двата тима.

Во центарот на вниманието се најдоа особено Данфа кај Шкупи и Бејтулаи кај Шкендија, а ситуацијата мораа да ја смируваат двајцата тренери Седлоски и Артим Шаќири.

Дојде до прекин, имаше дури 15 минути судиско надополнување, а во тој период пукна уште еден срам. Имаше и расизам од трибините, домашните навивачи испуштаа мајмунски звуци упатени кон нигерискиот фудбалер на Шкупи, Адетунџи.

1МФЛ: Европско лето за Академија Пандев по триумфот над Работнички

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот