Фото: EPA/IAN LANGSDON

Спринтер од Јужна Африка на 31 година сруши рекорд на Усаин Болт

Иако никој сè уште не успеал да ја надмине магичната брзина на легендарниот Јусеин Болт, јужноафриканскиот атлетичар Акани Симбине запиша историја со тоа што го надмина еден од рекордите на славниот Јамајчанец.

Симбине стана првиот спринтер кој успеал во 11 последователни години да истрча 100 метри под 10 секунди — достигнување што го собори рекордот на Болт, кој во текот на својата кариера тоа го направи во 10 различни години.

Иако на натпреварите во Париз не успеа да стигне до медал во индивидуалната трка на 100 метри и заврши како четвртопласиран, сепак успеа да се закити со сребрен медал во штафетната дисциплина.

Симбине, кој има 31 година, својот личен рекорд го постави со време од 9.82 секунди — иако тоа сè уште е далеку од недостижниот светски рекорд на Болт од 9.58 секунди, новото достигнување на Јужноафриканецот само потврдува дека е еден од најконстантните спринтери на денешницата.

„Кога поминав низ целта, сите чекавме да видиме кој ќе биде на подиумот, а судијата ни кажа дека треба да ја почекаме фотографијата за да се утврди редоследот. Сега четвртото место не беше исто како во Токио, сега ова време беше национален рекорд“, изјави Симбоне по трката за „Пулс Спорт“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот