Зоран Пејковски

Списанието „СУМ“ одлучи наградата за театарска критика да ја додели на Зоран Пејковски

Во театарскиот живот во Македонија ретко кој се занимава со театарска критика, поучени од фактот што нашите македонски театарски уметници не сакаат да ја прифатат критиката како стилски израз на актерската игра, на режисерската постановка, па дури и на драматуршката форма, може да се рече дека со неа се занимаваат само поединци, што претставува еден минорен број творци.

Доследно на својата мисија, Списанието за уметност „СУМ“, мудро ги следи ваквите состојби. Поаѓајќи од таквиот факт, а пред сè од тоа што во последно време можеа да се забележат критичките осврти на доц. д-р Зоран Пејковски, кој остава забележителна трага не само во театарската критика, туку и во драматургијата, воопшто, и како драмски писател, списанието донесе одлука.

Списанието „СУМ“, кое неколку години наназад доделува награди на драмски автори за особен придонес во драмското творештво, како и на театарски критичари за особен придонес во афирмацијата на критичкото делување, одлучи годинашниот носител на Наградата „ЕРГО СУМ“ за 2024 година за театарска критика и драма по повеќе основи да му припадне на доц. д-р Зоран Пејковски.

Имено тој, и како драмски автор, кој последните 10 години се занимава со историската драма, претставувајќи ја во Македонија драмската форма – драмски ораториум и драмата во стих, но и како театарски критичар што со хирушки рез прави анализа на театарските претстави, така што ја открива квинтесенцијата на театарската уметност преку умешно издвоени сценски изрази, објави м-р Трајче Кацаров, главен и одговорен уредник на списанието „СУМ“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 243, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 17-18.8.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот