фото: Screenshot/Ракометна федерација на Македонија

Спектакл во Кавадарци: Вардар и Еурофарм Пелистер за пехарот во македонскиот Супер Куп

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја известува јавноста дека натпреварот од ракометниот Супер Куп 2025 помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 ќе се одигра во Кавадарци.

Најдобриот во првенството од минатата сезона Еурофарм Пелистер, и освојувачот на Купот Вардар, ќе се соочат на 3 септември во спортската сала „Јасмин“ со почеток од 19.00 часот.

Од федерацијата очекуваат полни трибини и фантастична атмосфера и ве поканува да бидете дел од ракометен спектакл во Кавадарци.

Карти за овој натпревар можете да си обезбедите во продажната мрежа на МК Тикетс. Цената на картите е 200 денари. Повеќе ТУКА

Ова натпреварување досега најмногу го освои Вардар, вкупно пет пати во 2017, 2018, 2019, 2021 и 2022 година, а во минатите две години пехарот завршуваше во рацете на Еурофарм Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот