Специјалните сили од Северна Македонија дел од меѓународната вежба „ОРИОН 23“ во Грција

Фото: Генералштаб на грчката армија (ГЕЕТА)

Специјалните сили од Северна Македонија од вчера се дел од меѓународната вежба „ОРИОН 23“ во Грција што ќе трае до 5 мај.

Меѓународната вежба планирано е да се одржува во поширокиот копнен и поморски дел на регионите Атика и Виотиа, а од Генералштабот на грчката армија на Твитер објавија фотографии од денешната вежба на специјалните сили на Грција заедно со нивните колеги од земјите учеснички.

Покрај Северна Македонија, учествуваат и специјални сили од Кипар, Австрија, Бугарија, Франција, САД, Црна Гора, Србија и домаќинот Грција, како и набљудувачи од Египет и Израел.

Вежбата „ОРИОН 23“ се одржува по шести пат и е паралелно и во склоп на Мултинационална воздушна вежба „ИНИОХОС 2023“ што исто така започна денеска.

Од Генералштабот на грчката армија (ГЕЕТА) соопштија дека за време на вежбата „ОРИОН 23“, што ја планира и спроведува Специјалната команда за војување на ГЕЕТА, избрано е сценарио кое предвидува формирање на Команда за специјални операции во која ќе има група за специјални копнени операции и група за поморски специјални операции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот