Фото: Рexels-maria-kray

Спас за загадената планета: Научниците создадоа пластика која целосно се раствора во морска вода

Меѓународен тим предводен од јапонскиот истражувач Аидо Такузо од Институтот за физички и хемиски истражувања „РИКЕН“ (RIKEN) објави дека успеал да развие нов вид пластика која е издржлива, но биоразградлива во морската вода и не формира микропластика, пренесува јапонскиот медиумски сервис „NHK“.

Според истражувачите, новиот тип на пластика, кој може да се рециклира, ќе помогне да се намали загадувањето на животната средина и акумулацијата на микропластика во океаните.

Тим од научници развива материјал кој ќе ја замени конвенционалната пластика добиена од фосилни горива. Истражувачите, кои ги објавија своите наоди во американското списание „Саенс“ (Science), објаснуваат дека пронашле нов вид пластика која е безбојна и проѕирна и има иста сила и отпорност на топлина како полипропиленот.

Научниците од океанографската институција „Вуд хол“ Wood Hole (WHOI) со години работат на откривање кои видови пластика имаат најкраток и најдолг животен век во океанот и кои видови пластични производи, како сламки и обвивки за храна, најчесто придонесуваат за загадувањето. Со повеќе биоразградливи материјали кои се развиваат, како што е целулоза диацетат ЦДА (CDA) – полимер сличен на пластика, добиен од дрвна маса – истражувачите се тркаат да обезбедат пластика која може да ја заменат традиционалната без да предизвикаат штета на океанските средини.

 

Сега, по долгогодишно тестирање, беше откриено дека новата верзија на ЦДА е најбрзо разградувачкиот биопластичен материјал тестиран во морска вода – и тоа е ветувачка замена за други материјали од традиционална пластика или пена, како што е стиропорот, кој може да остане во животната средина многу години. Во новиот труд објавен во „ACS Sustainable Chemistry & Engineering“, научниците од „Вуд хол“, Брајан Џејмс, Колин Вард, Крис Реди, Јанчен Сан и Кали Пејт, открија дека додавањето мали пори на ЦДА, материјалот го прави да се деградира 15 пати побрзо отколку солидна ЦДА, па дури и побрзо од хартија.

Новиот материјал се нарекува супрамолекуларна пластика – „полимери со структура што се држи заедно со потенцијално реверзибилни интеракции“, а научниците веруваат дека ќе има различни примени.

Микропластиката стана голем проблем кога станува збор за зачувување на планетата, но и за зачувување на здравјето на луѓето, бидејќи научниците открија дека таа навлегла и во нашиот мозок и во другите внатрешни органи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот