Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за извештајот за Косово

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе расправа за новиот шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК), а Србија на седницата ќе ја претставува министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, јавува РТС.

Во извештајот што ги опфаќа активностите на УНМИК и развојот на настаните од 16 септември 2022 година до 18 март 2023 година, Гутереш го поздрави договорот за патоказот кон нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и Анексот за негово спроведување со посредство на Европската Унија.

Детално беа опишани настаните од ноември минатата година, кога Србите ги напуштија институциите на Приштина, како и се што се случи потоа.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, за време на посетата на САД, се сретна со постојаниот претставник на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд.

Последната седница на Советот за безбедност на ОН за работата на мисијата на УНМИК се одржа во октомври минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот