Фото: Pexels / Irina Iriser

Совети од искусни градинари: Ако сакате вашите рози да се здрави, мора да ги правите овие работи

Кастрењето рози може да биде напорна работа, но вашите напори ќе бидат наградени со поздрави, добро обликувани растенија кои обилно цветаат и живеат подолго.

Кастрењето на мртвите или заболените стебла на розите помага да се подобри циркулацијата на воздухот и пенетрацијата на сончевата светлина околу живите стебла, што ги спречува болестите и поттикнува повеќе цутење.

Градинарот Мајкл Грифитс сподели совети за зимско кастрење на розите, тој вели дека „ако сакате повеќе цветови на вашите рози оваа година, сега е време да ги исечете“.

За да им помогне на градинарите, тој сподели пет чекори што треба да ги преземат за правилно да ја завршат оваа задача.

Исечете ги мртвите стебла

Општо земено, ова значи да се отстранат кафеавите или црните стебла кои се мртви и да се остават зелените стебла што се живи. За овие стебла, не заборавајте да ги скратите до основата за да се осигурате дека сите мртви делови се целосно отстранети.

Отворете го центарот на растението

Ова во суштина значи отстранување на вкрстени гранки кои можат да се тријат една со друга, предизвикувајќи штета и поттикнувајќи болести.

Отстранете ги тенките или слаби гранки

Мајкл советува: „Отстранете ги сите стебла што се потенки од молив. Причината за тоа е што тие ќе станат тенки и кревки и ќе произведуваат помалку цвеќиња“.

Исечете ги преостанатите стебла

За да ги исечете здравите стебла, скратете ја вкупната висина за една третина, правејќи го засекот веднаш над надворешната пупка под агол од 45 степени, наклонет подалеку од пупката. Експертот објасни дека новите ластари растат во правец на пупката, а целта е да се поттикнат да растат нанадвор.

Потхранете ги и прекријте ги розите по кастрењето

Иако ова не е уште еден чекор на кастрење, многу е важно да се одржуваат розите со потхранеување. Почекајте уште еден месец или кога новиот изданок е долг околу 2 сантиметри за да го нанесете првото ѓубриво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот