Фото: Arthur Bargan / Alamy / Alamy / Profimedia

Совети од искусни цвеќари: Со оваа постапка цветовите на орхидејата ќе траат 12 недели

Орхидеите се познати по својата убавина, но и по тоа што бараат посебно внимание за одржување. Сепак, со неколку едноставни совети, секој човек може да дозволи својата орхидеја да цвета подолго и поздраво.

Експерти за растенија вистакнуваат дека цветовите на орхидејата можат да траат до 12 недели, но само ако за растението се грижите правилно.

Еден од клучните фактори во грижата за орхидејата е одржувањето на соодветна влажност на воздухот. Експертите забележуваат дека редовното наросување на орхидеите со вода е многу важно, бидејќи влажноста помага да се создадат услови слични на природното живеалиште на ова тропско растение.

Влажноста е клучна бидејќи помага да се рекреира природното живеалиште на орхидејата, истакнуваат експертите. Дополнително, можете да ја зголемите влажноста околу растението така што ќе го ставите садот на послужавник исполнет со камчиња и вода.

Кога станува збор за наводнување, орхидеите не бараат премногу вода. Прекумерното наводнување е една од главните причини за смртта на ова растение, предупредуваат експертите. Орхидеите обично треба да се полеваат еднаш неделно, но ако користите ѓубриво, важно е да не го полевате растението неделата кога му давате ѓубриво.

Исто така, важно е да се напомене дека орхидеите не се љубители на директна сончева светлина. Ако се предолго изложени на сонце, може да изгорат. Индиректната сончева светлина е најдобра за ова растение, велат експертите.

Идеално е орхидејата да ја поставите на прозорец каде што ќе добива доволно природна светлина, но нема да биде изложена на прекумерна сончева светлина.

За долготрајно цутење и здрав раст на орхидеи, експертите го препорачуваат следново:

– Редовно наводнување на растението.
– Наводнувајте ја орхидејата еднаш неделно, освен кога е прихранета.
– Обезбедување индиректна сончева светлина.
– Прихрана на орхидеи во пролет и лето.

Со овие едноставни, но ефективни совети, вашата орхидеја може да цвета и да ве воодушеви со своите цветови многу подолго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот